Ќофтиња со ѓумбир и соја сос
Состојки
- 350гр. мелено месо
- 1 главица кромид
- 5 чешниња лук
- 1 свежо црвено луто пиперче
- 1 лажичка рендан свеж ѓумбир
- 3-4 лажици соја сос
- неколку гранчиња свеж коријандер (може и магдонос)
- 2 јајца
- околу 150мл. кисела вода
- 1 лажица брашно
- 1/2 пециво
- по потреба сол, црн бибер
Подготовка
Во подлабок сад ставете ги месото, киселата вода, јајцата, брашното, пецивото и убаво измешајте.
Потоа додајте го ренданиот ѓумбир, ренданиот кромид, ситно сецканото лукче, сецканото пиперче, сецканиот коријандер (или магдонос) и соја сосот.
Дотерајте го вкусот со сол и бибер и убаво измешајте ја смесата.
Покријте го садот со најлонска фолија и ставете ја смесата да отстои во фрижидер неколку часа.
Откако смесата ќе отстои земајте со лажица и пржете ги во загреано масло.