Испечати

Интегрални тортици

Интегрални тортици

Состојки

  • Кора
  • 150 гр интегрално брашно од 7 житарки ( пченица, пченка, рж, јачмен,овес, хељда, ориз, сончоглед и сусам
  • 200 гр високо глутенско брашно
  • 75 гр бело брашно
  • 50 гр густин
  • 80 гр шеќер
  • 3 жолчки
  • 50 гр путер омекнат на собна температура
  • 55 гр слатка павлака
  • 160 мл млеко
  • 20 гр свеж квасец
  • 1 лажиче какао
  • 2 лажички инстант кафе
  • 1 ванилен шеќер
  • прстофат сол
  • Фил 1
  • 300 мл слатка павлака
  • 2 лажички инсатн кафе
  • 1 лажиче какао
  • Фил 2
  • 500 мл млеко
  • 200 шеќер
  • 2 полни лажици интегрално брашно
  • 2 полни лажици густин
  • 2 лажички инстант кафе
  • 1 лажиче какао
  • 100 гр путер

Подготовка

Од колекцијата на Киндер тортиците моите деца најмногу ги сакаат интегралните, па наидов на овој рецепт и сама си ги направив во домашната кујна. Првиот пат со фил како на главната слика, а вториот со филот 2 како во последната дополнителна слика. Од резултатот си бевме задоволни.
Квасецот растворете го во дел од млекото и потоа со сите останати состојки ставете ги во сад за матење.
Со мешалките за тесто изматете ја смесата убаво да се изедначи и соедини. Треба да се добие многу меко тесто, слично како за мекици.
Смесата ставете ја во намачкано со путер и набрашнато плехче (35х20) и со влажни или намрсени раце израмнете ја. Покријте ја со најлонска фолија и оставете ја на топла собна температура да кисни околу 4- 4,5 часа да надојди.
Потоа ставете ја да се пече во загреана рерна од 180 степени околу 25 мин.
Печената кора оставете ја да олади и поделете ја хоризонтално на половина.

Подготовка на филот 1
Изматете ја слатката павлака со какаото и кафето во цврст снег и исфилувајте ја кората на средина. Колачот ставете го малку во фрижидер да се подизлади и потоа сечите парчина и служите. По желба можете да ги посипате со шеќер во прав.

Подготовка на филот 2
Во дел од млекото растворете ги брашното, густинот, кафето, какаото и малку од шеќерот. Останатото млеко и шеќер ставете ги да зовријат и потоа додајте ја смесата.
Варете ги со постојано мешање додека се згусти како пудинг. Потоа тргнете ја од огнот, додајте го путерот и измешајте го да се соедини кремот.
Едната половина од кората ставете ја во плехчето што се печеше, истурете го целиот фил и поклопете го со др. половина од кората.
Колачот ставете го во фрижидер да се стегне кремот. Пред служење може да се посипе со шеќер во прав.