Брза торта со готови кори и желе (без печење)
Состојки
- 1 пакетче готови кори
- Фил чоколаден
- 400 мл млеко
- 300 гр шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 150 гр мелени ореви
- 150 гр мелени бисквити
- 1 чоколадо
- 125 гр маргарин
- Бел фил
- 1/2 л слатка павлака
- 200 гр сецкани ореви
- 10 крем бананки
- 200 гр желе бомбони
Подготовка
Секогаш си ги правам јас корите за торта, домашни и најубави, но сега брзав многу и немав време па и готовите ми завршија работа =)))
Готовите кори обавезно попрскајте ги со сок или со млеко.
За чоколадниот фил ставете ги на оган млекото, шеќерот, маргаринот и чоколадото. Откако ќе се растопат, додадете ги мелените бисквити и ореви. Кога филот ќе ја добие потребната густина тргнете од оган и оставете да се излади.
За вториот фил исецкајте ги бананките и желето. Изматете ја слатката павлака и 2/3 додадете кај сецканите ореви, бананки и желе, а 1/3 оставете за да ја премачкате тортата на крај.
Се става едната кора, врз неа чоколадниот фил, па филот со слатка павлака, па втора кора, па пак чоколаден фил, па фил со слатка павлака, па третата кора. Одозгора тортата се премачкува со чоколадниот фил, а од страните се премачкува со слатката павлака.