Слатко од вишни и малини
Состојки
- 1 кг вишни
- 500 гр малини
- 1,5 кг шеќер
- 400 гр вода
Подготовка
Вишните ги чистиме од семките и ги мешаме со малините. Во тенџере на оган го ставаме шеќерот и водата да варат 15 мин. Потоа ги додаваме вишните и малините и вариме 20 минути. Тенџерето го тргаме од оган и го покриваме со крпа и оставаме да се излади. ДОБАР АПЕТИТ