Посна сарма од лозов лист на мој начин
Состојки
- 1 главица кромид
- 2 стебла праз
- 3 средни моркови
- 300г свежи шампињони
- 100г црвен ориз (може и интегрален)
- 100г просо
- 50г киноа
- по желба зачини, бибер, сол, масло
- малку свеж магдонос
- 100г доматна салца или доматно пире
- 20тина листови замрзнати или маринирани листови од лоза
Подготовка
Оризот измијте го и ставете го да се обари околу 15 - 20 минути. На масло пропржете го кромидот, празот, морковот. Откако ќе добијат убава златна боја додадете ги шампињоните, малку обарениот ориз, просото и киноата. Пржете уште неколку минути и додадете ја доматната салца и свежиот магдонос. Зачинете и посолете по желба. Со вака подготвената смеса насипете ги лозовите листови и формирајте сарми. Наредете ги во земјена или ростер тава истурете 200мл вода зачинете и печете околу 1 час на 220 степени. Послужете ги топли со прилог по желба. Добар апетит.