Бананчиња со суво овошје
Состојки
- 100 гр бисквити
- 200 гр мешавина од суво овошје ( урми,суви смокви )
- 50 гр локум
- 100 гр црна чоколада
- 50мл рум
- 1 сок од лимон
Подготовка
Сувото овошје исецкајте го на коцкички.
Локумот исецкајте го на коцкички.
Полејте рум и оставете да прими овошјето од румот.
Плазма бисквитите иситне ги на поситно.
Исцедете сок од лимон и смешајте се заедно.
Замесете ја смесата и формирајте бананчиња.
На оган растопете ја чоколадата.
Едно по едно натопете ги бананчињата во чоколадата и вадете на страна да се стврднат.
Пред да се зацврсти чоколадата декорирајте по вкус.
Јас употребив мали декоративни срциња.
На здравје