Крокети со компир и брокула
Состојки
- 1 кг компир
- 1 китка брокула
- 2 јајца
- 3 лажици брашно
- 3 лажици масло
- 1 лажица сушен магдонос
- сол и бибер по вкус
- 50-70 гр лебни трошки
Подготовка
1. Компирите ги вариме и ги пасираме.
2. Брокулата ја вариме во солена вода или пак на пареа, па потоа ја блендираме.
3. Двете состојки убаво ги промешуваме, па откако ќе излади целата смеса ги додаваме јајцата и зачините.
4. Убаво промешуваме, обликуваме крокети по желба кои ги валкаме во презла и ги ставаме во намрсена тава да се печат на 200 степени додека да поруменат.