Испечати

Бели корпиња со лешници и портокал

Бели корпиња со лешници и портокал

Состојки

  • 100 гр. бело чоколадо (може по желба црно)
  • 50 гр. путер
  • 50 гр. сечкани потпечени лешници
  • 1 лажица шеќер во прав
  • 30 гр. сушена брусница
  • сок од 1/2 помал портокал

Подготовка

Корпињава претежно ги правам со црно чоколадо, но овој пат употребив бело.
Подготовката е едноставна освен ако нешто тргне наопаку со квалитетот на чоколадото, посебно ако користите бело.

1. Во сад на пареа се топи искршеното чоколадо со путерот и кога ќе се изедначи смесата се додава прав шеќерот, сокот од портокал и лешниците.
2. Од добро измешаната смеса се полнат хартиени корпиња (средна големина или какви сакате) и насредина на секое корпе се става брусница.

Корпињата се ставаат во ладилник да се стегнат, па после внимателно се отстранува хартијата и остануваат само корпињата.
Ова е половина доза од која добив 16 корпиња.
Наместо лешници може да се стават ореви, бадеми, индиски ореви,
суво грозје ... било што сакате ... на здравје!