Видео рецепт: Палачинки за вљубени
Состојки
- За ПАЛАЧИНКИ ќе ви треба:
- 135 гр. брашно
- 1 лажичка прашок за пециво
- 1/2 лажичка сол
- 2 лажици шеќер
- 2 лажици растопен путер
- 130 мл. млеко
- 1 јајце
- 1/4 пакетче црвена прехрамбена боја
- За ПРЕЛИВ ќе ви треба:
- 350 гр. малини
- 3 лажици шеќер во прав
- малку коњак (по желба)
- Ќе ви треба и:
- 100 гр. бело чоколадо
За сите вљубени Фичо ќе подготви црвени американски палачинки, со прелив од малини и бело чоколадо.
Подготовка
Чекор 1: Во сад измешајте го брашното со прашакот за пециво и солта. Во друг сад измешајте ги шеќерот и растопениот путер, млекото и јајцето.
Чекор 2: Соединете ги течните и сувите состојки и матете ги додека да добиете хомогена смеса. Додадете ја прехрамбената боја.
Чекор 3: Со мала црпалка ја одредувате дозата, доволна е една лажица за една палачинка (зависи колкави сакате да ги направите).
Печете по 40 секунди од двете страни на средна температура.
Чекор 4: Сервирајте како во видеото и уживајте со вашите сакани.
СОВЕТ: Ова е навистина лесен рецепт, кој брзо се подготвува, а е вкусен и впечатлив.