Топчиња од кајсии и лешник
Состојки
- 400гр суви кајсии
- 60гр. мелени лешници
- 50гр. мед
- 50гр сок од цеден портокал
- 50гр. кокос,малку цимет
Подготовка
Многу едноставни за подготовка,здрав овошен десерт секако не мора да се тоа кајсии одберете овошје кое ви е највкусно и тоа е се. Кајсиите се сечкаат на многу ситно,се полеваат со сок од потокалот и така се оставаат да стојат барем половина саат. Се става мед,се меша убаво со лажица сосема да се растопи,лешниците следат и кокосот,доколку сакате посува смеса додвате уште малку лешници или кокос,на сам крај сосема малку цимет. Обликувам топчиња,кои дел ги валкам во кокос дел со малку цимет на врв.