Солен куглоф со зеленчук
Состојки
- 4 јајца
- 300гр. брашно
- 1 пециво
- 200мл. јогурт
- 100мл. масло
- 100гр. сецкана шунка
- 100гр. сецкана чајна
- 4-5 сецкани кисели краставички
- 1 сецкан морков
- 150гр. дробено сирење
- 100гр. варен грашок
Подготовка
Најпрво се бијат јајцата и потоа се додаваат сите состојки(освен зеленчукот) и убаво се мешаат со миксер. На крај се додаваат чајната, сирењето, шунката, морковот, грашокот и корнишоните. Смесата се истура во намрсен калап за куглоф и се печи на 180 степени околу 35 мин. Кога ќе се испечи се превртува куглофот и се остава да се излади. Декорирањето е по желба.