Баварски ѓевреци
Состојки
- 800 гр брашно
- 200 мл топла вода
- 200 мл топло млеко
- 20 гр квасец
- 1 лажица шекер
- 1 лажица сол
- 50 мл масло
- Солена вода
- 2 литра вода
- 1 лажица сода бикарбона
- 1 лажица сол
Подготовка
Се замесува брашното исто како за кифли.Се остава да надојде.Потоа се дели тестото на 11 топчиња и се мачка со масло.Се одмара 10мин.Секое топче се дели на 2 дела се прават ленти и се вртат наизменично.Се варат во солената вода 30сек.Потоа се увалуваат во сусам и се печчат на 200С-25мин.