Чоко-оранж за мали и големи
Состојки
- 50 грама гриз
- 300 милилитри млеко
- 100 милилитри сок од портокал
- 3 - 4 супени лажици кафеав шеќер
- 1 супена лажица какао
- 30 грама путер
- 50 грама мелени ореви
Подготовка
Вчера после работа ми се јадеше нешто благо. Се прашував што можам да спремам за 15 минути со тоа што имам по дома и излезе следнава ужинка за мали и големи.
Се вари гризот со млекото, шеќерот и какаото. Како смесата згуснува, полека се додава сокот од портокал. Кога на крајот ќе се добие густа смеса, тенџерето се трга од оган и се додаваат путерот и оревите.
Вуала!