Топол пржен сендвич
Состојки
- 6 парчиња црн леб
- 3 парчиња печеница
- 3 парчиња сирење
- 3 лажици ајвар
- 1 јајце
Подготовка
На лебот му ги одтсрануваме корките, а и не мора.
Рибанките леб ги премачкуваме со ајвар.
Врз едната рибанка леб со ајвар ставаме парче сирење и парче печеница.
Поклопуваме со друга рибанка. Истото го повторуваме со останатите два сендвича.
Го матиме јајцето и сендвичите ги валкаме од двете страни со јајце.
Ги пржиме на загреано масло.