Испечати

Намаз со павлака и крем сирење

Намаз со павлака и крем сирење

Состојки

  • За намаз
  • 200гр крем сирење
  • 5 лажици павлака
  • 1 чешне лук
  • 1-2 лажици лут или благ буковец
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажиче сув или свеж рузмарин
  • 1/2 лажиче сол
  • За брускети
  • 10тина парчиња стар леб
  • 3-4 чешниња лук
  • 100мл маслиново масло
  • 1/2 лажиче сол
  • 2-3 лажици сув или свеж рузмарин

Подготовка

Најпрво во блендер ставете ги лукот, маслиновото масло, рузмаринот и солта за подготовка на брускетите и намазот. Откако ќе изблендирате премачкајте ги лепчињата со смесата и ставете ги на решетка да се потпечат во рерна додека да поруменат.
Во подлабок сад ставете ги крем сирот, павлаката, буковецот и остатокот од смесата од блендерот и убаво промешајте.
Брускетите послужете ги со намазот.