Павлини мафини
Состојки
- 1 чаша (од 200мл) пченкарно брашно
- 1 чаша брашно
- 1 чаша јогурт
- 1/2 чаша масло
- 1 прашок за пециво
- 1 лажиче сол
- 200-300 гр спанаќ и сирење (може и праз, кашкавал и слично)
- 3 јајца
Подготовка
Брзи, едноставни и декоративни. Оваа мерка е за 12 средни мафини.
Рерната се загрева на 180 степени.
Сите состојки добро се мешаат.
Калапите се премачкуваат, се истура рманомерно смесата и се пече 15-20 минути (зависно од рерната).
Уживајте