Лесни шпагети со сос од кашкавал и павлака
Состојки
- 300 гр. шпагети
- 200 гр. млечен кашкавал
- 100 гр. кисела павлака
- 10 гр. путер
- сол бибер оригано
Подготовка
Во зовриена вода со путерот и лажичка сол се додаваат шпагетите, додека тие се варат во тава со малку масло се топи кашкавалот по желба се додава бибер, оригано и други зачини. При крајот се додава и киселата павлака и се убаво се промешува. Шпагетите сварени се сервираат во чинија и се прелеваат со сосот.