Испечати

Ресана полумесечинки (без печење)

Ресана полумесечинки (без печење)

Состојки

  • околу 600 гр ресани
  • 1/2 литар млеко
  • 2 прашок за пудинг од бурбон ванила (или било кој светол)
  • 5 лажици шеќер
  • 130 гр маргарин
  • 50на гр кокос

Подготовка

Ова се едноставни, лични и брзи колачи, кои воедно секако заради самата ресана се и многу вкусни.
Од млекото, шеќерот и прашокот за пудинг се вари крем. Кога е млак, се додава иситнетиот маргарин и убаво се миксира.
Ресаните се сечат на половина. Помеѓу нив, од бисквитнаа страна се става по едно лажиче крем. Убаво се слепуваат и се премачкуваат рамно до рабовите.
Се ваклаат во кокос и тоа е тоа, имате вкусни колачи.