Испечати

Македонска чорба со печурки

Македонска чорба со печурки

Состојки

  • 700 гр свинско месо со коска од бут
  • 2 главици кромид
  • 6 чешниња лук
  • 4 големи моркови
  • 5 бамји
  • 2 компира
  • 1 рака грашок (обарен)
  • 1 црвена пиперка (ајварска)
  • 1/2 китка магдонос
  • 1 рака сушени вргањ печурки
  • 1 рака тарана
  • по желба јадра сол
  • 2 лажици мешан зачин
  • малку мелен црн бибер
  • малку маслиново масло
  • околу 3,5 литри вода

Подготовка

1. Во експресен лонец се варат сите состојки (без вргањот и грашокот кој е претходно обарен)
2. Откако ќе се сварат, месото се чисти од коските и се сечка на поситни парченца
3. Сварениот зеленчук се блендира во Делимано сецкото и се става повторно на оган се заедно - месото, изблендираниот зеленчук, печурките, грашокот и се налева со вода, се зачинува и се остава да зоврие
4. Откако ќе зоврие се додава тараната и се остава уште десетина минути да се свари тараната
5. На крајот се одава малку ситно сечкан магдонос ( дел од онаа половина китка магдонос која ја сварив и изблендирав)