Испечати

Цветна погача

Цветна погача

Состојки

  • 1 свеж квасец
  • 1 лајче сол
  • 1 лајче шеќер
  • 500 мл млеко
  • 1 цело јајце
  • 1 белка
  • 3 лажици масло
  • 1 кг брашно
  • премаз
  • 1 жолчка
  • 2 лажици масло
  • 2 лажици млеко
  • декорација
  • 50 гр брашно
  • 50 гр сол
  • 2,3 лажици вода

Подготовка

Најпрво се замесува тестото. Квасецот никогаш не го стасувам така замрзнат го замесувам со топло млеко. Го оставам тестото да надојде. Потоа го делам на 4 еднакви делови. Прво правам круг и го расплескувам кое ќе биди подлога за во средината. Врз него ги плетам лените од тесто. Потоа од двата дела сукам долга лента и ја засекувам на 16дела со шпакла и ја виткам и ја додавам во тепсијата од едната страна. Така ја правам и другата страна. Оставам да стаса тестото. Го премачкувам со премазот и ги додавам декорациите од солено тесто. Се пече на 170С-35мин
Тепсија бр.30