Испечати

Снежни енергетски шишарки

Снежни енергетски шишарки

Состојки

  • 150 грама корнфлекс
  • 150 грама путер
  • 70 милилитри млеко
  • 2 супени лажици мед
  • 60 грама кафеав шеќер
  • 100 грама толчени ореви
  • 60 грама кокос
  • 60 грама какао
  • 100 грама сусам

Подготовка

После сите празнични трпези редно е да ставиме нешто по здраво. Енергетски богати колачиња. Но, не заборавајте, после нивно конзумирање, мора да се согорат.

Чекор 1
Путерот, млекото, медот и шеќерот се топат на тивок оган. Сусамот се потпекува на 100 степени малку да порумени.

Чекор 2
Се трга од оган течната смеса и се додаваат другите намирници. Убаво се меша до соединување на смесата. Со лажиче во каписли се става од смесата, малку се притиска со рака и се формираат шишарките. Се посипуваат со кокос.

Уживајте и не заборавајте после нивно конзумирање да се испотите здраво!