Брза солена обланда
Состојки
- 200 гр урда
- 2 лажици кисела павлака 20 %
- 50 гр салама
- 50 гр сирење
- 50 гр кашкавал
- 50-100 гр кулен или чајна
Подготовка
Доколку ви се најават гости или пак ви дојдат ненајавени гости, а пак и ги имате и потребните состојки, оваа обланда се подготвува за 10 минути.
1. Урдата ја мешаме со киселата павлака и ја мачкаме обландата со овој фил, на покрупната релјефна страна.
2. Обландата ја ставаме на влажна крпа.
3. Рендаме кашкавал, сирење, салама врз неа и потоа нафрламе сечкан кулен или чајна.
4. Обландата ни е веќе омекната и ја виткаме во ролат.
5. Декорираме по желба, сечеме и служиме.
Точни се мерките за урдата и киселата павлака, останатите се произволни, по вкус.