Пирошки со чаден свински пафлак и кашкавал
Состојки
- 10 палачинки
- 10 мали лажици павлака
- 50-100гр кашкавал
- 50-100гр чаден свински пафлак
- 2 јајца
- 50 гр презла
Подготовка
Направете си ги палачинките по ваш рецепт.
Секоја палачинка ја филуваме со една лажичка павлака, а може и кечап и од ситно сецканиот кашкавал и пафлак и ја мотаме.
Палачинките ги валкаме прво во јајцата, потоа во презлата и ги пржиме во поголема количина на масло.
Се служат топли со вашиот омилен сос. =)