Испечати

Интегрална пеперони пица

Интегрална пеперони пица

Состојки

  • Тесто
  • 350 грама интегрално брашно
  • 150 грама бело брашно
  • 1 сув квасец
  • 1 мало лажиче сол
  • 1 мало лажиче шеќер
  • по потреба топла вода, маслиново масло
  • Мастрав
  • по желба гауда
  • по желба бело сирење
  • по желба моцарела
  • по желба домашен кулен
  • по желба свежи шампињони
  • по желба маслинки
  • по желба оригано

Подготовка

Брза, вкусна и здрава. По рецепт на мајка ми, со додадени мои и на мојот сопруг идеи.

Сувиот квасец се става во топла вода малку да надојде. Се замесува тестото заедно со солта и шеќерот. За да се добие средно меко тесто по потреба се додава топла вода. Се дели на два еднакви дела. Во подмачкан плех со маслиново масло се растегнува едното топче. Се премачкува со малку маслиново масло и се реди мастравот. Се пече 20тина минути на температура од 200 степени.

Летно време обавезно ставаме и свежи домати.

Пријатна вечера!