Испечати

Сочна пилешка салата

Сочна пилешка салата

Состојки

  • 400-500гр бело пилешко варено месо
  • 2 компири
  • 2 моркови
  • 100гр грашок
  • 2-3 кисели краставички
  • 100гр мајонез
  • 300гр кисела павлака
  • сол, бибер, кари, триена сол по вкус

Подготовка

Еве уште еден предлог за пилешка лесна, сочна салата.

Прво се вари пилешкото месо, па се мие со ладна вода и се сецка во сецко на Делимано.
Во друг сад се варат морковот, компирот и грашокот.Водата се процедува.
се ладат и се сецкаат на коцки.
Во еден сад се соединуваат месото, зеленчукот, зачините. мајонезот и павлаката.
убаво се промешува и се сервира врз лист зелена салата.