Новогодишни свеќички
Состојки
- 3 јајца
- 300 гр шеќер
- 120 гр маргарин
- 350 гр мелени бисквити
- 100 гр потпечен сусам
- 2 пакетчиња ванилин шеќер
- 2 раце толчени потпечени кикиритки (несолени)
- 2 лажици какао (за половината од смесата)
- За декорација
- 50 гр бело чоколадо
- 100-тина половинки од кикиритка
Подготовка
1. Јајцата се матат со шеќерот и ванилите и во нив се додава маргаринот и се убаво се мати за да се соедини
2. Се додаваат бисквитите, сусамот и кикиритките и се се меси со рака
3. Смесата се дели на два дела и во едниот се додава какаото
4. Се прават конусни формички
5. На секоја свеќичка се става по малку растопено чоколадо и по една половинка од кикиритка (како мало пламенче од огинче)
.....Мене ми излегоа околу 100 свеќички....тамам цела просторија да ја осветлат...хахах се шегувам !