Црно-бел ролат со обланда
Состојки
- 3 табли обланда
- Прв фил
- 1 дл вода
- 200 гр шеќер
- 125 гр маргарин
- 200 гр кокосово брашно
- Втор фил
- 2 дл вода
- 200 гр шеќер
- 125 гр маргарин
- 300 гр мелени бисквити
- 2 лажици какао
- Глазура
- 100 гр чоколадо
- 50 гр маргарин
Подготовка
Обландите се виткаат во влажни крпи да омекнат.
За првиот фил, ставете ја водата да вари, заедно со шеќерот и маргаринот и потоа додајте го кокосовото брашно. Добро измешајте и оставете го да се олади.
За вториот фил, зовријте ја водата со шеќерот и маргаринот, па ставете ги мелените бисквити и какаото. Убаво измешајте ја смесата.
Двата фила поделете ги на 3 дела, па филувајте така што врз половината од обландата ставете го едниот фил, а на другата половина другиот фил. Внимателно завиткајте ролат.
На истиот начин свиткајте ги и другите два ролати.
Одозгора прелијте ги со глазура, чоколадото и маргаринот стопете ги и премачкајте ги ролатите.