Царска салата (зимница)
Состојки
- 1,5 кг зелка
- 2 кг карфиол
- 1 кг моркови
- 0,5 кг црвена пиперка (капија)
- 300 гр масло за јадење
- 400 гр оцет 9%
- 150 гр шеќер
- 130 гр јадра сол
- 10 гр бибер во зрна
- 1 конзерванс
Подготовка
1. Зелката и карфиолот се дробат, морковите и пиперките се сечат на кругови
2. Се ставаат во подлабок сад и се налеваат со солилото
Солило
Сите состојки се мешаат заедно се додека не се растопат шеќерот и солта, а потоа се полева зеленчукот со солилото
Зеленчукот се промешува со солилото и се остава 24 часа да отстои и да пушти сок самиот зеленчук, со повремено мешање. Следниот ден се собира во тегли