Пилешки црн дроб со домати
Состојки
- 500гр пилешки црн дроб
- 2-3 домати
- 1 главица кромид
- сол, бибер и мешан сув зачин по вкус
Подготовка
Кромидот ситно исецкајте го и ставете го да се пржи. Откако ќе омекне, додадете го пилешкото дропче, ставете сол, бибер и мешан сув зачин по вкус и продолжете со пржење додека дропчето не порумени.
Доматите изрендајте ги и додадете ги во тавата со дропчето. Пржете уште 10тина мин додека сосот малку да испари.