Испечати

Прженици од банана со крем сос

Прженици од банана со крем сос

Состојки

  • За пржениците од банана
  • 4 банани
  • 1 лажица шеќер
  • 50гр брашно
  • 1/4 лажиче сув квасец
  • 1/4 лажиче сол
  • масло за пржење по потреба
  • За валкање
  • 100гр шеќер
  • 1/2 лажиче цимет
  • За крем сос
  • 1 стапче ванила или 1 пакетче ванилин шеќер
  • 500мл млеко
  • 6 жолчки
  • 120гр шеќер

Подготовка

Бананите испасирајте ги со вилушка. Потоа додадете ги брашното, шеќерот, солта и квасецот во пирето од банани и убаво измешајте. Загрејте го маслото и во него со помош на две лажици додавајте од тестото. Пржете додека да станат златни.
Пржениците ставете ги на кујнска хартија да се впие вишокот маснотија. Потоа измешајте го шеќерот со циметот и извалкајте ги во него.

За подготовка на кремастиот сос најпрво ставете ја ванилата во млекото и оставете да зоврие, па тргнете го садот настранада се олади. Потоа изматете ги жолчките со шеќерот и додадете ги во млекото. Ставете го садот на тивок оган и мешајте со дрвена лажица додека сосот малку да се згусне и почне да ја покрива лажицата.
Сервирајте ги пржениците со сосот.

Забелешка – во оригиналниот рецепт беа наведени 50гр брашно, но јас додадов околу 100 бидејќи пирето од банана ми изгледаше многу течно.