Испечати

Посен празничен колач - икебана

Посен празничен колач - икебана

Состојки

  • За колачот
  • 4 средни јаболка
  • 1 чаша од 150 мл брашно
  • 1 чаша шеќер
  • 1 чаша гриз
  • 1 неполна чаша масло
  • 4 лажици мелени ореви
  • 1 лажиче цимет
  • 1лажиче сода бикарбона
  • За декорација
  • 100 мл растителна слатка павлака
  • 3-4 киви
  • малку црвено сушено овошје
  • 1 лимон
  • 1 бадем

Подготовка

Подготовка на колачот
Јаболката се лупат, се рендаат и се ставаат во сад. Се додаваат сите останати состојки и се мешаат со голема лажица да се изедначат. Смесата се става во куглов и се порамнува.
Се става да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 35 -40 минути.
Се остава да олади, се става превртен на чинија и се декорира.
Слатката павлака се мати во снег и се премачкува целиот колач.
Кивите се лупат и се сечат на тенки тркалца и се редат одозгора и странично. На еден дел одгоре со црвено овошје (јас употребив сушени црвени боровинки) се прави панделка и се реди на неколку места измеѓу кивите.
На средина од колачот се става лимонот исечен од долната и горната страна ( за да стои) а на средината еден бадем да изгледа како свеќа.
Ова беше мојот посен новогодишен десерт.