Божиќен венец со маџун, брусница, суво грозје.......
Состојки
- 200мл топло млеко
- 50мл кисела вода
- 1 лажиче свинска маст
- 30гр свеж квасец
- 2 јајца
- 2-3 лажици маџун
- 100гр сува брусница
- 50гр суво грозје
- 1 ванила
- кора од лимон и портокал, цимет
- 1 јајце за премачкување
- 450-500гр брашно
Подготовка
Ароматичен вкусен венец од тесто.
Кој нема маџун може да стави 3-4 лажици шеќер.
Со добро кафе или чај одлична комбинација.
Прво се става квасецот во топлото млеко со малку брашно да втаса.
Потоа во вангличката се додаваат сите останати состојки и се замесува средно тесто.
Се остава да кисни 30 минути.
Потоа се дели на 2 дела, еден поголем, еден помал дел.
На работната маса се става 1 лажиче масло и се развлекуваат топките во должина.
Околу помалиот дел се замотува поголемото парче тесто.
Сега во округла тава за печење, во средината се става некој предмет, како на сликата и околу него се става спиралата од тесто.
Се остав да кисни 20 минути, се премачкува со јајце и се печи оклу 40 минути на 180 степени.
Внимателно се вади предметот од средината и се остава венецот малку да олади, па се сече на парчиња.