Ориз со пилешки батаци и моркови
Состојки
- 2 пилешки батаци
- 3 свежи моркови
- 100гр ориз
- 1 лажиче вагета
- 3 гранчиња магдонос
Подготовка
Батаците и исецканите моркови ги вариме во вода. Оризот го запржуваме во масло во огноотпорна тава. Ја додаваме и водата во која се вареа батаците и морковите. Се додава и вагетата. На крајот се ставаат и батаците и морковите во водата.
Се вака заедно се става во рерна на 180 С да се потпечи.