Екстра брза нутела
Состојки
- по потреба мед
- по потреба рогач во прав или органско какао во прав
- по желба лешници
Подготовка
Најбрзата нутела која сте ја приготвиле, можете да ја искористите како прелив за палачинки,колачи или дирекно да ја јадете од тегла. Ставате мед во блендер (зависи колкава количина сакате да правите) и додавате рогач или какао по вкус и блендирате 2-3минути. За да го подобрите вкусот можете да додадете и мелени лешници.