Испечати

Брз суров џем од шумско овошје и чиа семе (сурово, посно, веган)

Брз суров џем од шумско овошје и чиа семе (сурово, посно, веган)

Состојки

  • 250гр замрзнати или свежи капинки,малинки,боровинки и јагоди
  • 2-3 лажици мед(по вкус)
  • 1 лажица чиа семе

Подготовка

Најбрз џем, без варење, превкусен и пред се здрав. Се остава овошјето да се одмрзне и убаво да се исцеди. Потоа се става во блендер заедно со медот и чиа семето и се блендира додека не се изедначи смесата. Џемот е готов. После неколку саати џемот ќе се згустни бидејки чиа семето има желатинска обвивка и ќе ја абсорбира вишокот течност. Џемот направен на овој начин може да се стои во фрижидер 5-7дена.