Бајадера со лешници
Состојки
- 8 лажици млеко
- 400 грама шеќер
- 200 грама мелени лешници
- 150 грама мелени бисквити
- 150 грама путер
- 50 грама рендано чоколадо
- 200 грама чоколадо за глазура
Подготовка
Млекото се става со шеќерот на оган да зоврие, потоа се додава путерот, лешниците и бисквитите. Се вади од оган и убаво се меша. Во половина од смесата го ставаме ренданото чоколадо.
Во калап за бајадера го ставаме темниот дел, а над него светлиот, потоа ја ставаме глазурата од растопено чоколадо.