Кус кус со морски плодови
Состојки
- 200гр. кус кус
- 320мл. топла вода
- 2 лажици маслиново масло
- по потреба сол
- За подготовка на морските плодови
- 500гр морски плодови
- 4 чешниња лук
- 100мл. бело вино
- 5 лажици доматна салса
- 6 шери домати
- 1 лажица сецкан магдонос
- 2 лажици маслиново масло
- по потреба бел бибер
Подготовка
Еве од мене еден предлог ручек за претстојните празници.
Кус кусот посипете го со убаво загреаната вода.
Покријте со капак и оставете да ја апсорбира водата(околу10 минути).
Во меѓувреме пригответе ги морските плодови.
Во тава на оган ставете го маслото и ситно сецканото лукче.
Откако ќе се пропржи, додајте ги морските плодови и белото вино.
Оставете да се готват на тивок оган.
Откако виното малку ќе испари додајте ја доматната салса и шери доматите исечени на половинки.
При крај додајте го магдоносот и малку бел бибер.
Откако кус кусот ја апсорбирал водата со вилушка размешајте го, додајте го маслото, малку сол и уште еднаш измешајте.
Сервирајте го приготвените морски плодови.