Испечати

Ванилици

Ванилици

Состојки

  • 250 гр сало
  • 100 гр шеќер
  • 2 жолчки
  • 1 јајце
  • 500 гр брашно
  • 1 пециво
  • џем од сливи, кајсии, праски...
  • 150 гр шеќер во прав
  • 2 ванили

Подготовка

По препорака од Лили, а по рецепт на мак63 ги добив овие превкусни ванилици. Лили, ти благодарам за препораката.
Салото измешајте го со шеќерот, убаво, со дрвена лажица, па додајте ги јајцата, брашното и пецивото. Убаво измесете го тестото и расучете кора со дебелина по желба.
Наредете ги исечените колачиња на плех прекриен со хартија и испечете ги на 200 степени додека малку не заруменат.
Уште жешки филувајте ги со џем и испрпелајте ги во шеќерот во прав во кој сте ја ставиле и ванилата.