Испечати

Брзо селско месо

Брзо селско месо

Состојки

  • 800 гр. свинска кртина
  • 1 тегла сечкани шампињони
  • 250 гр. моркови
  • 1 голема главица кромид
  • 1 кг доматен сос
  • 100 гр. зејтин
  • по вкус зачини сол црн бибер

Подготовка

Месото го сечкаме на ситни парчиња и го ставаме во голема тава со малку масло и зачини да се испржи убаво. Откако ќе се испржи месото го тргаме настрана и во друга тава во малку масло ги ставаме шампињоните да се пржат потоа ги додаваме морковите исецкани на кругчиња и на крај кромидот исецкан ситно. Пржиме околу 10 мин. и тргаме настрана.
Во тенџере на оган го ставаме прво доамтниот сос, а ги додаваме и останатите состојки. Поклопуваме и оставаме да поврие сосот ококу половина час.Толку.