Печени ролни од чадена сланина
Состојки
- 200-250гр ленти чадена сланина
- 50гр кашкавал
- 50гр сирење
- 1 варен компир
Подготовка
Исечете го кашкавалот, сирењето и компирите на парчиња со должина колку ширината на лентите сланина.
Во парчињата сланина ставете по едно парче сирење, кашкавал или компир и замотајте го во ролна. Доколку лентите сланина се многу долги може да ги пречете на половина. Ролната прицврстете ја со чепкалка за заби. Ролните наредете ги во тава за печење и ставете ги во рерна на 200 степени околу 5-10 мин колку сланината малку да порумени
Доколку ви останал компир и него ставете го во тавата за печење и може да додадете парче кашкавал врз секој компир, и некој зачин по вкус.