Посна чоколадна баклава со портокал
Состојки
- 500гр. кори за баклава со нишесте
- 200мл. зејтин
- фил
- 200гр. бисквити мелени
- 200гр. ореви мелени
- 3 лажици какао
- 100гр. чоколада
- 50гр. сецкано суво гројзе
- шербет
- 900гр. шеќер
- 700гр. вода
- 1 портокал
- 1 ванилин шеќер
- 100гр.чоколада за готвење со малку масло за прелив
Подготовка
Оваа баклава е идеална комбинација на чоколада и ореви. Кога еднаш ќе ја пробате станува неизбежно слатко на вашите празнични трпези.Уживајте!!!
Подготовка.
Започнуваме со подготовка на шербетот. Во касерола го сецкаме портокалот ја сипуваме водата, шеќерот и ванилата. Шербетот нека врие десетина минути.
Шербетот го оставаме да се излади.
Фил
Се мешаат оревите мелени, бисквитите мелени, чоколадата сецкана, сувото гројзе и какаото.
Секоја кора се попрскува со зејтин, од две кори се прави еден ролат. Во секој ролат се ставаат 3 полни лажици од филот. Излегуваат обично 8-9 ролати кои ги сечеме пред печење. Баклавата ја печеме на 180степени 30 до 40минути.
Топлата баклава ја париме со ладниот шербет и повторно ја враќаме во рерна додека не се излади и го впие шербетот.
Во касерола на пареа ја растопуваме чоколадата со малку зејтин и со неа ја полеваме баклавата.
Добар апетит!!!