Брза селска погача
Состојки
- 4 јајца
- 1лажиче сол
- 2 филџани масло (од 100 мл)
- 5 филџани јогурт( од 100мл)
- 3 филџани бело брашно
- 1 филџан пченкарно брашно
- 4 филџани палента
- 1 пециво
- 150гр сирење
- 1 сецкан морков
- 1лажица ленено семе
Подготовка
Одлична погача која со ајвар и јогурт е одличен појадок.
Цело време се користи еден ист филџан од 100 мл - среден од оние за кафе
Јас користев маслиново масло
Во вангличка се ставаат јајцата со солта и се матат да запенат.
Постепено се додаваат течните состојки, па сувите состојки.
Сето убаво се промешува и се истура смесата во мала ростер тава за печење.
Се печи околу 50 минути на 170 степени.
И толку, уживајте