Испечати

Пилешко на холандски начин

Пилешко на холандски начин

Состојки

  • 2 парчиња пилешки стек
  • 1 лаж мед
  • 1 лаж сенф
  • 1 лаж самбал сос
  • 1 лаж соја сос
  • 1 мала лаж зачин за скара
  • 1 мала лаж зачин за пилешко
  • 1 лаж масло

Подготовка

Рецептот е од мајка ми, работи во Холандија, па ја имам честа да испробувам вакви невообичаени рецепти. Оваа пилешко посебно ми се допаѓа.
Во еден сад ги размешуваме сите состојки.
Потоа стекот го натопуваме од двете страни во сосот и се пече на елекрична скара или пак во тава за скара. Јас го печев во тава од прилика 5 мин, убаво да зарумени. Вкусот е прекрасен, однадвор е крцкаво,а внатре сочно.
Самбалот е сос кој е многу лут и многу солен, не знам дали го има кај нас, но за замена може малку буковец помешано со доматно пире .