Пченични бомбици (посно, веган)
Состојки
- 200гр пченица
- 200гр мелени ореви
- 100гр шеќер во прав
- 1 ванила
Подготовка
Пченицата ја миеме.
Додаваме вода и ја ставаме на оган да се свари.
Откако ќе се свари пченицата се цеди од водата.
Се додава шеќерот во прав и ванилата.
Добиената смеса се миксира.
Се додаваат оревите.
Сите состојки убаво се мешаат.
Се формираат бомбици.
Се наросуваат со мелени ореви или кафеав шеќер.