Испечати

Пржени филети од ослич со лук и магдонос

Пржени филети од ослич со лук и магдонос

Состојки

  • 500гр ослич филети
  • 2 лажици брашно
  • 2 лажици презла
  • 1 лажица мешан сув зачин
  • 7-8 чешниња лук
  • 1/2 китка магдонос
  • 2-3 лажици маслиново или сончогледово масло
  • 1-2 лажици вински или алкохолен оцет
  • сол по вкус

Подготовка

Измешајте ги брашното, презлата и мешаниот сув зачин. Во мешавината извалкајте ги филетите ослич и ставете ги на врело масло да се пржат.

Во блендер ставете го лукот, магдоносот, маслото, оцетот и сол по вкус. Блендирајте додека не добиете хомогена смеса.

Послужете ја рибата прелиена со сосот.