Тробоен солен ролат
Состојки
- тесто
- 4 јајца
- 1/2 лажиче сол
- 150 мл јогурт
- 5 лажици брашно
- 1 лажиче пециво
- 400 гр бланширан и цеден спанаќ
- фил бел
- 4 тврдо варени белки
- 2 лажички маргарин
- 100гр фета сирење
- 100гр крем сир
- 50 гр кисела павлака
- фил жолт
- 4 тврдо варени жолчки
- 160 гр сецкана шунка
- 2 лажички маргарин
- 1 лажиче сенф
- сол, бибер по вкус
Подготовка
Вкусен, декоративен солен ролат погоден за свечана трпеза, а и за секој ден.
Најпрво се прави тестото.
Се матат јајцата со солта, па се додаваат јогуртот, пецивото, брашното и исцедениот спанаќ.
Убаво се промешува и се става во правоаголна тава, која е обложена со хартија за печење.
Се печи околу 30 мин на 180 степени.
Се лади.
Сега се спрема белиот фил.
Ситно се сецкаат белките.
Во вангличка се матат маргаринот, фета сирењето, крем сирот, павлката, па се додавата белките и сето се промешува.
Со овој фил се мачка испечената кора.
Сега се спрема жолтиот фил.
Се пасираат жолчките, се додаваат сенфот, шунката, маргаринот и се зачинува по вкус.
Оваа смеса се става во мало калпче, кое е обложено со најлонска фолија.
Се остава во замрзнувач околу 20 минути да се стегни.
Сега на почетокот на тестото се става филот од калапчето и се витка ролат.
Се завиткува ролатот во алуминиумска фолија и се остава во фрижидер 1-2 часа.
Потоа се сече на парчиња и се сервира.