Тирамису со кафе
Состојки
- 2 жолчки
- 7 лажици шеќер
- 200 грама крем сирење ( маскарпоне)
- 150 грама шлаг пена
- 300 грама бисквити
- 4 мали лажички инстант кафе
- 3 лажички рум
Подготовка
1. Жолчките се матат со шеќерот со миксер, потоа се додава крем сирењето и убаво се мати. Настрана го матиме шлагот и го додаваме кон сместа, сето убаво се мати.
2. Млекото го затоплуваме со малку шеќер и инстант кафе, потоа го додаваме румот.
3. Бисквитите ги потопуваме во млекото и ги редиме во правоаголен сад, над нив се става од кремот, потоа редиме уште еден ред бисквити и врз нив го ставаме преостанатиот крем. Врз кремот посипуваме какао.