Испечати

Суви колачи со афион и вкус на анис

Суви колачи со афион и вкус на анис

Состојки

  • 120 гр маргарин
  • 80 гр шеќер во прав
  • 1 јајце
  • 170 гр брашно
  • 1 лажица нишесте/густин
  • 1/2 пак. прашок за пециво
  • 60 гр афион
  • малку екстракт од анис или некој друг по ваш вкус (не мора)

Подготовка

Од сите состојки измесете мазно тесто.
На побрашнета површина танко расукајте го и вадете форми по желба.
Наредете ги во плех обложен со пек партија и печете на 180С 10-12 мин. Внимавајте да останат бели.
Печените колачи, најпрво оставете ги малку да подизладат во плехот, а потоа вадете ги.
Јас ги лепев по две со мармалад од јаготки заради изборот и формата на калапчињата, но чинам дека поубави ми беа соло.