Испечати

Ролати со кафе и слатко од јагоди

Ролати со кафе и слатко од јагоди

Состојки

  • 200гр. маргарин
  • 350гр. брашно
  • 1/2 пециво
  • 2 ванили
  • 2 жолчки
  • 200гр. шеќер во прав
  • бел и црн крем по потреба
  • слатко од јагоди по потреба
  • малку кафе

Подготовка

Маргаринот го биеме со шеќерот во прав со миксер. Кога ќе се избијат ги додаваме жолчките и биеме уште кратко. Го ислкучуваме миксерот ги додаваме другите состојки и месиме со раце.
Тестото го делиме на два дела,во едниот ставаме инстант кафе а другиот останува бел. Тестата ги оставаме во фрижидер 30 минути., а потоа ги сучиме ги филоваме и виткаме ролти. Ги оставаме 10 минути во замрзнувач 10 минути ги сечиме и ги печиме на 180 степени околу 15 минути.