Испечати

Мини проички

Мини проички

Состојки

  • 4 јајца
  • 2 пецива
  • 1 шоља за млеко брашно (обично)
  • 2 шољи за млеко пченкарно брашно
  • 1 шоља кисело млеко или јогурт
  • 1/2 шоља зејтин
  • 1 шоља вода
  • по желба сол,сирење, салама, маслинки, праз, спанаќ.....

Подготовка

Постапката е лесна. Се матат јајцата, па постепено се додаваат сите состојки од рецептот.
Јас овој пат ставив сирење, кисели краставици од тегла и маслинки. Во подмачканите калапи ( или тава) ставете од смесата и печете додека нараснат и заруменат. Од оваа смеса, мене ми излегоа околу 25-30 мини проички.